Второто полугодие продолжува со истите мерки и протоколи како и досега

Наставата во второто полугодие продолжува со истите мерки и препораки, како и досега, порачаа денеска министрите за здравство, Венко Филипче, и за образование, Мила Царовска, на состанок со претставниците на Сојузот на средношколци.

Како што соопшти Министерството за здравство, на состанокот се потенцирало дека и во второто полугодие наставата во основните и средните училишта продолжува да се одвива онлајн. Исклучок од ова се учениците од прво до трето одделение кои посетуваат настава со физичко присуство во училница, согласно капацитетите на училиштата за спроведување на планот и протоколите на Министерството за образование и наука и со одобрување од родителите.

-Ја следиме епидемиолошката состојба и доколку следните месеци се покаже стабилизирање ќе донесеме други одлуки, но тоа ќе се случи откако ќе бидеме сигурни дека трендовите со намалување на новозаразени со ковид ќе продолжат, истакнал Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2021 - 18:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега