Close Menu
Press24
    Најново

    Лефков: СДСМ тоне како брод со кој управува кој стигне

    10.03.2026 во 11:52

    Дојава за бомба во училиште во Кочани – евакуирани учениците и вработените

    10.03.2026 во 11:42

    СДСМ: На Мицкоски му одговара поскап бензин

    10.03.2026 во 11:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лефков: СДСМ тоне како брод со кој управува кој стигне
    • Дојава за бомба во училиште во Кочани – евакуирани учениците и вработените
    • СДСМ: На Мицкоски му одговара поскап бензин
    • Три хороскопски знаци ќе доживеат финансиски пресврт по 15 март – ќе престанат да ги бројат последните пари
    • Втор случај во Македонија: Осуденик ќе издржува затвор дома со алка на ногата
    • Драма во регионот: 5-годишно дете исчезна од градинка
    • Евакуација во Багдад: Германија ја повлече својата амбасада
    • Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со важна вест
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Втор случај во Македонија: Осуденик ќе издржува затвор дома со алка на ногата

    Втор случај во Македонија: Осуденик ќе издржува затвор дома со алка на ногата

    10.03.2026 во 10:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Управата за извршување на санкциите започна со извршување на втората судска одлука согласно која опремата за електронски надзор има своја примена. Ова го наведуваат од Управата на социјалната мрежа Фејсбук.

    -Минатата година беше донесена првата пресуда од Основниот суд Велес со која беше изречен куќен затвор во траење од 3 месеци, на старо и изнемоштено лице. Притоа, сега за прв пат е донесено Решение за замена на казната затвор со куќен затвор со електронски надзор на лице кои издржувало казна затвор во казнено-поправна установа. Притоа, остатокот од неиздржаниот дел од казната во траење од 11 месеци и 28 дена се заменува и истиот ќе се извршува во куќен затвор со електронски надзор. Станува збор за возрасно осудено лице кај кое има сериозни потврдени здравствени проблеми кои беше предизвик да се третираат во затворската установа. Решението е донесено од страна на Основниот суд во Струга. Поставена е алка на глуждот на ногата на лицето, а во случај на непочитување на упатствата за користење на опремата за електронски надзор и определените ограничувања пробациските службеници ќе го известат судот, согласно одредбите од Законот за пробација, стои во објавата.

    Додаваат дека пробациската канцеларија за подрачјето на Основниот суд Охрид е во постојана координација со надлежните институции во врска со извршување на мерката, а Одделението за електронски надзор 24/7 ќе го следи извршувањето со помош на опремата за електронски надзор.

    -Важно е да се потенцира дека овој начин на извршување на казната е поекономичен за државата, а имајќи ја предвид возраста и здравствената состојба на сторителот воедно претставува и похуман начин на извршување на казната. Само за потсетување, Управата за извршување на санкциите втора година по ред склучува договор за одржување на опремата за електронски надзор и искрено се надеваме дека истата ќе има поголема примена од страна на судовите, велат од Управата.

    Популарно

    Неочекуван пресврт – Цената на нафтата драстично падна на светските берзи

    10.03.2026 во 08:18

    Премиерот Мицкоски во Кучевишка Бара

    10.03.2026 во 08:13

    Турција под ракетен напад од Иран: Распоредени системи „Патриот“ откако НАТО пресретна две балистички ракети

    10.03.2026 во 09:34

    Трамп: Ќе го удриме Иран 20 пати посилно од досега

    10.03.2026 во 10:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.