Close Menu
    Најново

    Силен земјотрес ја стресе Турција

    19.10.2025 во 15:18

    Без проблеми гласањето во Прилеп и Крушево: Еве колку излезност има

    19.10.2025 во 15:15

    Две телевизии заработија прекршочни постапки поради прекршување на изборниот молк

    19.10.2025 во 14:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Силен земјотрес ја стресе Турција
    • Без проблеми гласањето во Прилеп и Крушево: Еве колку излезност има
    • Две телевизии заработија прекршочни постапки поради прекршување на изборниот молк
    • Паднаа првите поткупувачи: Во Прилеп приведени две лица од Крушево, седум повикани на разговор
    • ДИК: Излезеноста на локалните избори до 13 часот е 20,12%, Чашка со најголем одѕив, потоа Новаци, Вевчани и Крива Паланка
    • (ФОТО) Излезноста во Скопје се зголемува, најмногу гласале во Центар и во Карпош
    • Прегазена жена во Ресен – итно пренесена во болница
    • Тепачка среде ноќ во болница во Центар
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Втор пресек на ДИК: Излезеноста на локалните избори до 11:15 часот е 9,38 отсто, гласале над 154.000 граѓани

    Втор пресек на ДИК: Излезеноста на локалните избори до 11:15 часот е 9,38 отсто, гласале над 154.000 граѓани

    19.10.2025 во 12:13
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Излезеноста на локалните избори до 11:15 часот е 9,38 проценти, објави Државната изборна комисија (ДИК)

    До 11:15 часот пристигнати се податоци од 3.139 избирачки места  на кои од вкупно запишани 1 645 583, гласале 154 275 граѓани, односно  9,38 проценти, рече на прес-конференција портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска.

    Како што посочи, до ДИК досега нема информации од избирачките одбори за евентуални проблеми или непријатности. 

    Според податоците на ДИК,  општини со најголема излезеност се Чашка 22,60 проценти, Новаци 19,3, Пробиштип, 17,64, Крушево 16,97, Крива Паланка 16, 85, Кратово 16,16, Вевчани 16,02, Дебрца 15,76, Градско 15, 27,  Ранковци, 15,5, Демир Капија, 15, Богданци, 14,55, Берово 13,51, Гевгелија, 12,81, Виница, 10,76, Бутел 10 проценти.

    Со најмала излезеност се општините Врапчиште, 2,54 проценти, Сопиште, 3,93 проценти, Центар Жупа, Боговиње, 4,48 проценти и 4,89 проценти, 

    Изборите ги набљудуваат 1484 набљудувачи од кои 800 домашни 645 меѓународни и14 странски новинари.  

    Претходно ДИК информираше дека на две избирачки места (едното во Куманово и другото во Штип) поради технички причини гласањето се одвива без биометриска идентификација, туку со УВ спреј и УВ ламба.

    На денешните избори се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани. 

    Државната изборна комисија ќе има прес-конференции на секои два часа, а првичните неофицијални резултати се очекуваат околу полноќ.  

    На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.

    Популарно

    Русија ја лансираше првата водена бомба – прелета 130 километри и се урна врз куќа во Харков

    19.10.2025 во 09:52

    „Свети Тома седи дома“: Денес е тежок празник

    19.10.2025 во 09:33

    ДИК објави правила: Се гласа со лична карта и фингерпринт – забрането е семејно и групно гласање

    19.10.2025 во 08:42

    (ФОТО) Локални избори 2025: Помала излезност во однос на претходните избори, скопските општини со најслаб одѕив

    19.10.2025 во 12:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.