Сите избирачки места во општина Струга денеска се отворени навреме, точно во 7 часот, а процесот на гласање се одвива нормално и во најдобар ред, потврди претседателот на Општинската изборна комисија, Минир Жута.

  • „Сите 101 избирачко место во општина Струга се отворени на време и процесот на гласање тече нормално и во најдобар ред“, изјави Жута.

Во Струга и струшко, во единствениот избирачки список има 62.711 гласачи. За гласање во домашни услови беа пријавени 422 болни и изнемоштени лица и тројца затвореници.

Во вториот круг за градоначалник се натпреваруваат двајца од деветмина кандидати кои учествуваа во првиот круг пред две недели.

Exit mobile version