Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Врнежи низ Македонија, најмногу дожд во Штип – УХМР најавува пороен дожд и силен ветер

    Врнежи низ Македонија, најмногу дожд во Штип – УХМР најавува пороен дожд и силен ветер

    22.07.2026 во 08:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8 часот утрово е измерен во Штип, каде што наврнале 18 литри на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    Според податоците од дождомерните станици на УХМР, во Куманово се измерени 14 литри на квадратен метар, во Скопје-Петровец 11, во Струмица 10, а во Скопје-Зајчев Рид осум литри.

    Во Берово се регистрирани седум литри на квадратен метар, додека во Крива Паланка, Прилеп, Виница, Крушево и Попова Шапка се измерени по четири литри. По три литри дожд наврнале во Претор, Битола, Демир Капија, Кавадарци и Тополчани, а во Гевгелија и Пожаране се измерени по два литри на квадратен метар.

    Од УХМР нагласуваат дека поради локалниот карактер на атмосферските процеси, количината на врнежи може значително да се разликува од место до место, а на одделни локации може да биде и значително поголема од измерената.

    За денеска се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и повремени врнежи од дожд. Локално ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во одделни делови од земјата се можни и краткотрајни невремиња со град.

    Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе достигнува и над 60 километри на час. Максималната температура ќе се движи од 26 до 33 степени.

    Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и умерен, повремено засилен северен ветер. Во делови од скопската котлина се очекуваат повремени врнежи и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и ветер. Максималната температура ќе достигне до 29 степени.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.