Највисока температура во земјава денеска во 11:00 часот е измерена во Гевгелија, каде што се регистрирани 31,6 степени.
Според новите податоци објавени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), границата од 31 степен претпладнево е помината и во Демир Капија и на мерната станица Зајчев Рид во Скопје, каде се измерени точно 31 степен.
Во Велес во 11 часот се измерени 30,9 степени, следува Штип со 30,5, додека во Виница и Кавадарци се измерени по 30,4 степени.
Температура од точно 30 степени е регистрирана во Струмица и на мерната станица Скопје-Петровец.
Под границата од 30 степени се наоѓаат Тетово, Крива Паланка и Прилеп каде се измерени 28,3 степени, како и Тополчани со 27 степени.
Во Пожаране се измерени 26,3 степени, Берово 25,6, Маврови Анови 25,5 и Радовиш Пожар со 25,3 степени.
Најсвежо претпладнево е во туристичките места и на планините: Охрид бележи 25,2 степени, Претор 24,2, Крушево 22,9, додека најниска температура е измерена на Попова Шапка – 18 степени.


