Денеска во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Според синоптичарите, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.
До средината на следната седмица ќе се задржи сончево време со мала локална облачност во текот на денот.
Од среда се очекува зголемување на облачноста и претежно променливо време со краткотрајни сончеви периоди, додека во четврток и петок ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд.


