Најниска температура претпладнево во 11 часот е измерена на Попова Шапка. Според официјалните податоци од мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), температурата на Попова Шапка изнесувала 6,4 степени.
Следат Радовиш со 7,9 степени, Крушево со 9,0, Лазарополе со 9,3 и Прилеп каде се измерени 9,4 степени.
Во Крива Паланка се измерени 10,2 степени, Битола 10,4, Виница 10,5, Тополчани 11,1, Пожаране 11,3, а во Претор 11,5 степени.
Во Тетово се измерени 12,2 степени, во Скопје-Петровец 12,7, Кавадарци 12,9, Зајчев Рид 13,0, Штип 13,1 и Струмица 13,4 степени.
Најтопло во 11 часот било во Велес со 13,9 степени, Демир Капија со 14,2 степени и Гевгелија каде што се измерени 17,9 степени. За мерната станица Маврови Анови нема податок за измерена температура.


