Времето денеска сончево и топло со температури до 25 степени


Времето денеска сончево и релативно топло. Ќе има мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен.

Минималните температури во земјава ќе се движат во интервал од 1 до 8 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 18 до 25 степени.

Во Скопје, времето според прогнозата на УХМР, ќе биде претежно сончево. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде 5 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се искачи до 23 степени.

Од утре, синоптичарите велат дека времето ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе има и пораст на температурите, особено за време на викендот и почетокот на следната седмица. Од УХМР велат дека до недела ќе дува слаб, повремено засилен северен ветер.

04.04.2024 - 08:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега