Денеска не очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег, а ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.
Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), максималната температура денеска ќе се движи од 8 до 13 степени, додека минималната беше во интервал од 4 до 9 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, со максимална температура до 12 степени.
За утре се предвидува слично време со слаб локален дожд и засилен северен ветер долж Повардарието. Меѓутоа, вистинска промена се очекува за време на викендот.
„Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 литри на метар квадратен). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер“, информираат од УХМР.
Од почетокот на следната седмица се очекува дополнително заладување, при што врнежите претежно ќе бидат од снег.


