Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Ј.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,противправно лишување од слобода“, предвидено и казниво по член 140 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавената Ј.Н., вработена во ПО за БПС Кочани при СВР Штип, на 13.09.2025 на место викано „Суитлак“ во Штип, откако се сретнала со женско лице – вработено во МВР со договор за вработување како полицаец – приправник во Одделение за полиција при СВР Штип, насилно ја внела во возило „бмв“ со кое пријавената Ј.Н. дошла на наведената локација, по што почнала да ја удира по телото, притоа не дозволувајќи и да излезе од возилото и да си замине, со што и ја одзела и ограничила слободата на движење.
Со сторување на наведените дејствија постои основано сомнение дека пријавената Ј.Н. сторила кривично дело ,,противправно лишување од слобода“, предвидено и казниво по член 140 став 1 од Кривичниот законик. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Ј.Н. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување – суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
Актуелно
- Апсење во Скопје: Приведени четири лица
- Драма во Ѓорче Петров: Скопјанец затекнал крадец во сопствениот дом, па му го вратил украденото
- Лозарите со полни сметки пред празникот: МЗШВ исплати 7,8 милиони евра субвенции
- Мистерија во Македонија: Починала пред 20 години, а сега се појавила на гинекологија и родила женско дете
- Кривична пријава за прилепчанка: Во викендичка криела три пиштоли и муниција
- Повторно страшна несреќа на скопските улици: 46-годишник со „опел“ прегази жена
- Македонските патишта под „лупа“ на полицијата – одземени уште седум автомобили
- 24-годишна велешанка се породила и си заминала од болница, притоа и бебето го оставила


