Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе достигне 9, а максималната 17 степени.

во понеделник ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 литри на квадратен метар за 24 часа) со појава на грмежи.

-Во вторник претпладне ќе има повремен локален дожд, а преку денот ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, соопшти Управата за хитрометеоролошки работи. 

Exit mobile version