Денешното време во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло за овој период од годината. Според синоптичарите, претпладне се очекуваат слаби локални врнежи од дожд, додека во одредени котлини ќе има појава на магла.

Поинтензивни врнежи се очекуваат кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. На повисоките планини во северозападниот регион врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој на места во западните делови повремено ќе засилува.

Температурите ќе се движат од минимални 2 до максимални 18 степени. Во Скопје се очекува слична состојба со појава на магла во делови од котлината и максимална температура до 15 степени.

Од недела следува период на променливо време. Веќе во понеделник се очекуваат поинтензивни врнежи во југоисточните делови, а поради продор на постуден воздух, дождот ќе преминува во снег и на некои повисоки места. Стабилизација се очекува во вторник и среда, додека нови врнежи се најавуваат за четврток.

Exit mobile version