Утринските мерења на УХМР покажуваат дека Попова Шапка е најстуденото место во државата со измерени нула степени, додека најголемо количество воден талог во изминатите 24 часа е регистрирано во Крушево – 27 литри на метар квадратен. На Попова Шапка висината на снежната покривка во моментов изнесува 55 сантиметри.

Според официјалните податоци, значителни врнежи се забележани и во Охрид и Лазарополе (23 л/м2), Тетово и Маврови Анови (22 л/м2), како и во Скопје каде се измерени до 10 литри. Температурите до 08:30 часот се движеа од 2 степена во Берово и Крушево, до 7 степени во Охрид и Гевгелија.

Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно и релативно топло со максимални температури до 18 степени. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, во западните делови се очекуваат нови врнежи од дожд, кои на повисоките планини на северозапад ќе преминат во снег. Во Скопје се очекува максимална температура до 15 степени.

Exit mobile version