Подгответе се за промена на времето. Според најавите на метеоролозите, претстојниот викенд ќе донесе влажен бран кој ќе го зафати поголемиот дел од земјата. По период на релативно стабилно време, не очекуваат врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините се очекува формирање на нова снежна покривка.

Промената ќе започне во сабота во попладневните часови, со зголемена облачност и локални врнежи од дожд, особено во западните делови. Веќе во недела, со спуштање на студена воздушна маса од север, границата на снежните врнежи ќе се спушти, па снег е можен и во некои од повисоките населени места.

Температурите ќе бидат во значително опаѓање, а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец, што дополнително ќе го засили чувството на студ. На возачите им се препорачува дополнителна претпазливост, особено на патните правци кои поминуваат низ планинските превои.

Exit mobile version