Временска прогноза: Сончево и топло, температура до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена, а попладне на места зголемена облачност.  Ќе дува слаб до умерен, на места повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, слично време со умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

За утре се очекува благо опаѓање на дневната температура поради засилениот североисточен ветер. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

06.08.2022 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега