ВРЕДИ се закани: Нема да седиме со скрстени раце за Законот за бранителите
Коалицијата Вреди нема да стои со скрстени раце додека опозицијата и нејзините тивки сојузници се обидуваат да ја запалат искрата на меѓуетничките поделби за да се спасат од својата политичка корупција, велат од коалицијата во соопштение.
„Доста е со манипулации и провокации! Главен покровител на законот за бранители е ДУИ, а душегрижникот Блерим Беџети, заедно со Данела Арсовска и Левица, го донесоа Андон Лазов Јанев Ќосето во Скопје. Нека го прашаат Талат Џафери, кој со новиот деловник овозможи да се испровоцираат вакви ситуации. Исто така, нека го праша Артан Груби како се случи, надвор од секоја логика да обештети четири „бранители“ со 30 илјади евра! Законот влезе во процедура затоа што според новиот деловник, нема можност да не се стави на дневен ред закон предложен од пратеник, Влада или кој било што има право да предложи закон“, велат од Вреди.
Според нив, опозициската СДСМ уште еднаш покажала дека нема намера да гради заедничка иднина за граѓаните, туку да ги отвора раните од минатото за ниски политички придобивки.
„А ДУИ, продолжува да ја игра својата старо-нова игра, насочена кон одвлекување на вниманието од своите криминали. Во знак на протест против оваа ниска и неодговорна стратегија, нашите пратеници од Коалицијата ВЛЕН ја напуштија седницата. Нашата порака е јасна: нема да дозволиме Собранието да стане арена на манипулации и поделби. Законите што имаат за цел да го поделат албанскиот народ и да го одржуваат во живот корумпираниот систем, немаат место во нашата агенда! Тука сме за да го браниме правото на албанскиот народ и да бараме сеопфатно решение за сите рани од минатото, вклучително и статусот на поранешните борци на ОВК. Нема да дозволиме ваквите прашања да се користат за прикривање на неуспесите и злосторствата што се направени врз нашиот народ“, велат од Вреди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа