Изразуваме длабоко жалење за настанот што се случи во Куманово, при што е повреден д-р Зекрија Шаини, велат од Вреди во писмено соопштение испратено до медиумите.
„Како коалиција, најостро ја осудуваме секоја форма на насилство и упатуваме апел за смиреност, воздржаност и почитување на надлежните институции кои треба целосно да го расветлат случајот.
Насилството нема место во нашето општество, а ниту една околност не може да биде оправдување за дела што го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните.
Апелираме до истражните органи што побрзо да ги откријат мотивите и сторителите на овој чин, и повикуваме ваквите случаи да не се злоупотребуваат за политички цели“, велат од Вреди.
Актуелно
- Голема акција на Бит Пазар пред дочекот: Полицијата заплени над 6.000 петарди и огномети
- Гаши: Да го започнеме новoто поглавје со отворено срце и со надеж што не згаснува
- Грчките земјоделци ги прекинаа блокадите, Евзони отворен за Нова година
- Лука и Хана на тронот: Објавена листата на најпопуларни имиња за бебиња во 2024 година
- Празничен распоред на „Водовод“: Денеска скратено, утре неработен ден
- Мицкоски со новогодишна честитка: 2025 беше тешка, но во 2026 следи вкупна преобразба на Македонија
- Дрзок грабеж среде бел ден: Романци ја нападнале продавачката и побегнале со златото, но не стигнале далеку
- Учениците од денеска на зимски распуст

