Уште едно остварување на ДУИ, нова ослободителна пресуда за Никола Груевски. Уште една потврда дека измените на Кривичниот закон од 2023 година се шаблон за избегнување кривична одговорност – се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Не случајно ВЛЕН го прашуваше Бујар Османи дали и зошто се среќавал со Груевски во Будимпешта? Заедничкиот содржател на трајна врска меѓу Ахмети и Груевски се нивните гревови.

Албанскиот народ и две години после одењето на ДУИ во опозиција се уште ги плаќа фактурите од нивното корумпирано владеење. Ахмети, Бујар, Артан, Груевски и Мијалков се симбол на времето на “ало началниче”, кога Албанците беа топовско месо за најкрвавите политички дилови.

ДУИ треба да му се извини на албанскиот народ за своите злодела во минатото! Се дотогаш немаат право да отворат уста и да зборуваат за европски вредности и домашна правда!, стои во соопштението на политичката партија ВРЕДИ.

Exit mobile version