Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Афера со лажни испити: Професорка осудена на затвор, студентите полагале само на хартија
    • 58 возачи останаа без возачка, двајца и без возилата – Полицијата правеше чистка
    • Трамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина
    • Историска евакуација: Украинската армија со летачки дрон извлече ранет војник од фронтот
    • Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени
    • Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците
    • На 4 хороскопски знаци расположението им се менува во секунда – еве зошто
    • Драма во близина на Будва: Се запали туристички брод
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вреди: Еден глас за победата на 2 ноември

    Вреди: Еден глас за победата на 2 ноември

    31.10.2025 во 11:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Коалицијата ВЛЕН во своето најново соопштение порача дека вториот круг на локалните избори на 2 ноември ќе биде ден кога Албанците ќе ја потврдат својата одлука за промени и нова политичка енергија.

    „Победата на 19 октомври беше голема пресвртница во албанските општини. Од Чаир и Сарај, до Арачиново, Желино и Теарце, Албанците зборуваа со еден глас – гласот што избра надеж и работа наместо измама,“ се вели во соопштението.

    Од ВЛЕН додаваат дека духот на промените расте секојдневно, од Тетово до Дебар, од Боговиње до Брвеница, од Струга до Студеничани и до Долнени, а дека на 2 ноември Албанците ќе го запечатат новото политичко поглавје со гордост и доверба.

    Во партиската реакција се посочува дека кандидатите на коалицијата се симбол на новиот политички менталитет и чесно управување.

    „Во Тетово, Билал Касами е пример за лидерство со мисија. Во Боговиње, архитектот Фети Абази ги поставува темелите на нова политика. Во Брвеница, Хаќим Рамадани ги освојува срцата на луѓето со едноставност и чесност. Во Дебар, Фисник Мела го носи духот на граѓанството и политиката со карактер. Во Струга, Менди Ќира го обединува градот со смиреност и доверба. Во Студеничане, Азем Садику отелотворува искуство и блискост со луѓето. Во Долнени, Блерим Ислами ги инспирира младите дека времето на надеж е сега,“ се наведува во соопштението.

    Од коалицијата порачуваат дека „Албанците го кажаа својот збор, и тој збор ВЛЕН“, додавајќи дека на 2 ноември гласот за број 7 ќе се слушне погласно од кога било.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 се гарантира опстојот и безбедноста на Македонија

    19.10.2026 во 20:50

    Детали за новите правила за правосуден испит: Шасивари најави консултации со факултетите и студентите

    19.10.2026 во 16:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.