Close Menu
Press24
    Најново

    Земјотрес утринава ја стресе Македонија

    03.03.2026 во 09:05

    Дневен хороскоп: Големи пресврти за Девиците, Рибите се навраќаат на минатото

    03.03.2026 во 09:01

    Вистинска пролет во Македонија – УХМР со убави вести за времето

    03.03.2026 во 08:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Земјотрес утринава ја стресе Македонија
    • Дневен хороскоп: Големи пресврти за Девиците, Рибите се навраќаат на минатото
    • Вистинска пролет во Македонија – УХМР со убави вести за времето
    • СДСМ: Со нашата политика Македонија е безбедна во овие тешки времиња
    • Пукање во Чаир
    • Со месеци ја следел – Скопјанка пријавила тортура од поранешниот партнер
    • Николоски: Патот од Фариш до Прилеп не смее да остане црна дупка
    • Едукативна активност „Имам став“ за ученици од средните училишта 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВРЕДИ: ДУИ е последната што треба да зборува за ЕУ

    ВРЕДИ: ДУИ е последната што треба да зборува за ЕУ

    15.11.2025 во 15:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    „Две недели по дебаклот на локалните избори и две недели по објавувањето на Извештајот за напредокот од Европската комисија, ДУИ и Арбер Адеми „се разбудија од зимски сон“ за да го изразат својот наводен „загрижен“ став за европскиот пат. Иронијата е длабока: со половина раководство на црните листи за висока корупција, тие излегуваат и држат прес-конференции за европски напредок, напредок што самите го блокираа со години.

    Уште поапсурдно е што на локалните избори, ДУИ отворено се здружи со нај анти-НАТО и анти-ЕУ партијата во државата – Левица на Апасиев, во Гостивар, Тетово и Струга. Кога им требаше власт, Европа беше заборавена. Денес, кога ги загубија општините и влијанието, одеднаш се сетиле на ЕУ! Вистината е дека тие го газеа европскиот пат кога го променија Кривичниот законик спротивно на предупредувањата од нашите стратешки партнери, отворајќи му пат за враќање на Никола Груевски и овозможувајќи ослободување на Сашо Мијалков.

    Сите констатации во извештајот не се резултат на последните 12 месеци. Тоа се последици од повеќегодишно лошо владеење, кои денес ги гледаме напишани црно на бело од Европската комисија.

    Коалицијата ВРЕДИ го поздравува Извештајот на Европската комисија како реален, објективен и корисен документ за државата. Извештајот јасно покажува дека одредени процеси конечно се придвижени напред. За ВРЕДИ, европскиот пат е есенцијален, суштински и за него не се преговара.“, стои во соопштението на ВРЕДИ.

    Популарно

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Почна евакуација на Србите од Тел Авив: Вучиќ им прати авион во Египет

    02.03.2026 во 22:41

    Ужас во Делчево: 15-годишник обљубил малолетничка

    01.03.2026 во 13:33

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.