Вработените во Пошта утре излегуваат на штрајк: Платата им доцни, а не знаат зошто

 

Врие во Македонски пошти, поради доцнење на септемвриската плата дел од вработените во изминатите денови одбиле да излезат на терен, дознава ТВ 24.

Како што објави Телевизијата, Вработените се револтирани бидејќи платата им доцни речиси половина месец и не добивале образложение зошто е доцнењето.

Од поштенскиот синдикат ги потврдуваат информациите дека постои незадоволство поради доцнењето на платата и велат дека со мирен предупредувачки протест вработените во Македонски пошти, утре за време на паузата во сите поштенски објекти во земјава, ќе го искажат своето незадоволство од лошите услови во кои работат и загриженоста поради платите кои сеуште не ги земале за овој месец. 

Од Синдикатот велат дека после утрешниот протест ќе имаат средба со менаџерскиот тим и генералниот директор на Македонски пошти каде ќе ги претстават долгогодишните проблеми со кои се соочуваат, а по средбата ќе одлучат кои ќе бидат нивните следни чекори и дали ќе продолжат со протестите.

ТВ 24 пишува дека првиот човек на Пошта Јани Макрадули не одговорил на повиците за состојбата во друштвото.

 

14.10.2021 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега