Вработените во Национални шуми конечно ќе добијат плати

Владата на денешната 13-та седница донесе одлука согласно донесениот ребаланс на Буџетот да се исплатат сите заостанати плати на вработените во Национални шуми, со што, како што информираат од владината прес-служба, се решава проблемот на 2. 000 вработени лица во Национални шуми.

На седницата, Владата донела повеќе одлуки и решенија, меѓу кои и за изработка на проектна документација за изградба на обиколница во Кавадарци, спроведување на постапката за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за изградба на катни монтажни гаражи во Универзитетски Клинички центар – Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и повеќе кадровски решенија.

20.08.2024 - 19:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега