Вработените во ЈСП најавуваат блокада на скопските улици

Вработените на ЈСП повторно не добиле плата, која според законот најдоцна на сметките треба да им легне до 15-ти месецов

Вработените најавуваат блокади на крстосници во главниот град доколку не ги добијат платите.

Се жалат на притисоци од раководството на претпријатието, од каде до овој момент не се огласиле за предупредувачката прес-конференција на Синдикатот на приватниот, административниот и јавниот сектор (СПАЈС) при Конфедерација на синдикални организации на Македонија.

16.09.2024 - 13:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега