На 5 март 2026 година, во 03:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Осломеј го лишија од слобода Р.Б. (44) од Кичево, вработен во РЕК „Осломеј“.

Според информациите, во 02:25 часот тој испратил порака до својот шеф, со која го информирал дека во еден оддел во РЕК „Осломеј“ е поставена бомба. По преземените мерки и извршените проверки заедно со обезбедувањето, полициските службеници констатирале дека бомба нема и дека станува збор за лажно пријавување.

Р.Б. бил пронајден во викенд-куќа во кичевското село Осломеј и лишен од слобода. Тој признал дека пријавата била лажна и дека ја измислил за да може порано да ја напушти работата.

По целосно документирање на случајот, против Р.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава, а тој останува задржан во Полициската станица Кичево.

Exit mobile version