(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Русин застрела тројца, па се самоуби

66-годишен маж денеска уби три лица во трговски кварт во јужниот руски град Крим, пред да се самоубие, соопштија локалните власти.

Најмалку две жртви му биле познати на напаѓачот, се вели во соопштението објавено на социјалните мрежи од локалниот огранок на Истражниот комитет, кој ги истражува големите злосторства во Русија.

Првичните индиции се дека вооружениот напаѓач застрелал двајца познаници поради „лично непријателство“, се вели во соопштението. Идентитетот на третата жртва, маж, се уште се утврдува.

Во престрелката едно лице е повредено. Станува збор за 61-годишен маж кој е префрлен во болница.

На видео кое кружи на социјалните мрежи, може да се види како маж пука додека оди по улица. На крајот од видеото, тој од непосредна близина пука во некого што лежи на земја. Ројтерс не беше во можност да ја потврди автентичноста на снимката.

Кримск е мал град во јужната руска област Краснодар во близина на полуостровот Крим, кој Русија го анектираше од Украина во 2014 година.

 

24.11.2022 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега