(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА) Повредени се над 1.000 лица во Либан: Во раце им експлодирале пејџери

 

Повеќе од 1000 лица, повеќето од 1000 членови на либанското вооружено движење Хезболах, се повредени откако нивните уреди за комуникација (пејџери) експлодирале, јавуваат светските агенции.

Либанската државна Национална новинска агенција објави дека инцидентот се случил во јужните предградија на Бејрут, кој е упориште на вооружената група, и во неколку други региони. Агенциите јавуваат за експлозии на пејџери и во јужен Либан.

Телевизијата Ал-Манар на Хезболах исто така објави дека многу сирени експлодирале, но не ги идентификуваше повредените. На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии на кои се гледаат ранети мажи како седат или лежат на подот на местата на експлозијата и во болниците. Непотврдената снимка од видео надзор покажува експлозии во продавници, јавува Би-Би-Си.

Иранскиот амбасадор во Либан, Мојтаба Амани, исто така е повреден во експлозијата на пејџерот, јави иранската новинска агенција Мехр.

Либанското Министерство за здравство ги повика граѓаните кои поседуваат пејџери да ги фрлат и ги предупреди болниците да бидат во „висока готовност“.

17.09.2024 - 18:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега