Вчера во СВР Скопје 36-годишна жена пријавила дека 15-годишен малолетник, кој од претходно се познавал со нејзината малолетна ќерка, објавил слики со експлицитна содржина на социјални мрежи од нејзината ќерка, соопшти МВР.
Со малолетникот бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на родител и адвокат.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


