Поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, сообраќајот од изутринава се одвива со ограничување, соопштија од АМСМ. Проблемот е регистриран на 2,5 километри по бензинската пумпа „Детоил“.

Како што информираат од таму, сообраќајот на оваа делница се одвива по една коловозна лента во должина од 20 до 25 метри.

Екипите на ЈП ‘Македонија пат’ се на терен и работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.

Се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Exit mobile version