Сообраќајот на државните патишта во земјава утрово се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Од диспечерскиот-информативен центар на ЈП „Македонија пат“ информираат дека на одредени патни правци има значително намалена видливост поради појава на магла.

Најкритична е состојбата на планинскиот превој Плетвар, каде видливоста е намалена до 50 метри, додека на Стража видливоста изнесува до 80 метри. И покрај ваквите услови, од претпријатието посочуваат дека сите патни правци низ државата се проодни.

Сепак, се упатува предупредување до возачите дека на делниците кои минуваат низ усеци и клисури е можна појава на поситни одрони.

„ЈП ‘Македонија пат’ апелира до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината кон условите на патот“, се наведува во соопштението.

Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен со цел одржување на проодноста на сите патни правци.

Exit mobile version