Од ЈП Македонијапат информираат дека утрово на одредени патни правци има намалена видливост поради појава на магла:

  • Гајре – Попова Шапка: Видливоста е намалена на 20 – 25 метри.
  • Планински превој Стража: Видливоста е намалена на 50 – 70 метри.

Дополнително, на патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури, можна е појава на поситни одрони, кои екипите редовно ги чистат.

ЈП Македонијапат апелира до возачите за внимателно управување со возилата, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Exit mobile version