Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира за намалена видливост и потенцијални опасности на одредени патни правци:

Намалена видливост од 50 до 150 метри има поради магла во регионите на Кичево и Ботун.

Можна е појава на поситни одрони на одредени патни правци кои минуваат низ усеци и клисури. Екипите на претпријатието редовно ги чистат овие делници.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

ЈП „Македонија пат“ апелира до сите учесници во сообраќајот:

  1. Внимателно управување со возилата.
  2. Почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
  3. Прилагодување на брзината кон моменталните услови на патот.

Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Exit mobile version