ЈП „Македонија пат“ упати апел до возачите за крајна претпазливост поради појава на густа магла на неколку клучни патни правци низ државата. Најкритично е на планинскиот премин Плетвар и во околината на Крушево, каде видливоста е намалена на само 50 метри.

Слична е состојбата и на преминот Стража, како и на патниот правец Тетово – село Лисец, каде видливоста е ограничена до 80 метри.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, но по претежно влажни коловози, бидејќи врнежите од снег во моментов се престанати. Од претпријатието предупредуваат и на можна појава на поситни одрони низ клисурите и усеците.

Exit mobile version