Во раните утрински часови, околу 02:00 часот, на улицата „7 Ноември“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повреден 20-годишен сопатник на мотоцикл, информира СВР Охрид.
Несреќата се случила кога 20-годишниот Б.П. од селото Ботун, општина Дебрца, управувајќи мотоцикл од марката „Пијаџо“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник, Д.К. (20) од Охрид. Повредите се констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Од страна на полицијата се преземени соодветни мерки, при што е утврдено дека и возачот и сопатникот биле под дејство на алкохол – кај Б.П. биле измерени 1,05 промили, а кај Д.К. 1,19 промили алкохол во крвта.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Охрид, а случајот е пријавен и ќе биде предмет на натамошна постапка.