-Вчера се разбудивме со веста дека Артан Груби е уапсен. Всушност, тој сам се пријави на граничниот премин. Мора да се прави разлика помеѓу самопријавување и уапсување, што медиумски беше прикривано“, рече потпреседателката на СДСМ, Јована Тенчевска, на гостувањето во „Топ Тема“ на Телма.

Таа нагласи дека постојат сериозни сомнежи за дил со ВМРО, нешто за што СДСМ уште пред два месеци предупредуваше.

„Лицата кои го приведоа на границата не беа од граничната полиција, туку други службени лица. Тоа упатува на можност за договор или координација, што остава сомнеж за вмешаност на политички кругови. Човек кој побегнал од државата, бил надвор 14 месеци, и за кого била изречена мерка притвор од 30 дена, сега, кога се враќа во државата и сам се пријавува, добива преиначена мерка , куќен притвор. Ова е недозволиво, особено во држава каде што други луѓе остануваат во притвор со месеци за далеку помали дела.“, рече Тенчевска.

Потпретседателката на СДСМ ја критикуваше власта за политичка манипулација и обиди да ја замајуваат јавноста:

„Секогаш кога ќе бидат фатени во скандали, ДПМНЕ создава хистерија и се обидува да ја замајува јавноста и да прави дефокус. Тие никогаш немаат проблем да зборуваат за работи кои немаат врска со предметот. Самиот директор на Истражниот затвор Скопје потврди дека секој во затворот е безбеден, а Јавното обвинителство истакна дека куќниот притвор и промената на одлуката од претходно изречен притвор од 30 дена е дадена токму по проценката на МВР и АНБ. Не можете со манипулации да ја збунувате јавноста. Јавноста веќе не верува во небулозите и лагите на ДПМНЕ, а овој случај јасно покажува дека постои политички договор.“, заклучи Тренчевска на гостувањето во Телма.

Exit mobile version