Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Возачот што го прегази Југослав Николовски на кејот призна вина за сообраќајката, ќе се брани за неукажување помош

    Возачот што го прегази Југослав Николовски на кејот призна вина за сообраќајката, ќе се брани за неукажување помош

    10.10.2025 во 11:253 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     Возачот на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка патека на кејот на Вардар во близина на Паркот на франкофонијата го прегази Југослав Николовски (68) денеска пред Основниот кривичен суд Скопје призна вина. Дваесет и пет годишниот Фатон Нури, пред Судот призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, додека за делото „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ ќе се брани и ќе предлага докази.

    -Се чувствувам виновен за сообраќајката, што не би сакал на никој да се случи тоа. Големо сочувство за фамилијата. Да можам да сменам нешто, би направил. За давање помош, сум давал помош. Да има камери таму…  Кажувам дека сум давал помош на покојникот и не се чувствувам виновен за тоа, изјави Нури.

    Одбраната бараше одложување на денешното рочиште, со што судот ќе дозволи да се завршат вештачењата и останатите докази за степенот и висината на казната и сведоци за второто дело.

    Судот ја раздвои постапката по предметот и за првото дело, за кое обвинетиот призна вина, го одложи за 24 октомври, додека за второто дело, за кое обвинението ќе се брани, судењето ќе продолжи на 11 ноември.

    Обвинителката, во воведен говор, рече дека обвинителството ќе докаже дека обвинетиот на 1 јули со своето незаконско управување на мотоцикл без возачка на пешачка патека предизвикал сообраќајна незгода во која Југослав Николовски се стекнал со тешки повреди на кои подоцна им подлегнал.

    – Обвинетиот иако Дедо Љубе лежел облеан во крв, по несреќата го оставил мотоциклот и го напуштил местото на несреќата. Сопатникот на мотоциклот, иако повреден, покажал доблест и останал на местото додека да дојде увидната екипа, изјави обвинителката.

    Семејството на починатиот Југослав Николовски преднајави барање на оштета, додека сопатникот на моторот, рече дека не бара отштета и не се приклучува кон кривичниот прогон на обвинетиот.

    Фатон Нури на 1 јули годинава управувал мотоцикл „Кавасаки“ без истакната регистарска табличка на задниот дел,  по пешачката патека покрај зграда на улицата „Јован Хаџи Константинов – Џинот“. Возел преку површина наменета за движење на пешаци, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Кога дошол во близина на зградата, брзината на движење на моторот не ја приспособил. Освен тоа, управувал без да поседува возачка дозвола и на недозволено место, па со левиот страничен дел од мотоциклот удрил во телото на пешакот Југослав Николовски, кој се движел по пешачката патека. При ударот, оштетениот останал да лежи повреден на патеката, а возачот и неговиот сопатник паднале на коловозот. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди поради кои следното утро починал, а полесно повреден бил и сопатникот на моторот. Наместо да укаже помош, осомничениот го оставил мотоциклот и другите двајца повредени и пеш го напуштил местото. 

    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.