Возачи не им дале предност на пешаци да преминат - сега ќе платат големи казни

МВР информира дека денеска (18.01.2022) во периодот од 10.00 до 14.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат првенство на минување на пешаци на територија на СВР Тетово при што се санкционирани 24 возачи.

-Од нив 15 на тетовското и девет на поширокото гостиварско подрачје. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот на ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, посочуваат од МВР.

18.01.2022 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега