Возач во ЈСП истепал патник - му ја удирал главата од прозорците
Синоќа по 22 часот во автобус на ЈСП со број 24 возачот претепал патник, објави „А1он“.
Причина за инцидентот наводно било тоа што во автобусот не функционирала климата, по што патникот го замолил возачот да ја пушти откако такво нешто побарала неговата бремена сопруг.
Возачот станал изнервирал и почнал караница, по што се случила тепачката, а возачот почнал да му ја удира главата од прозорците на патникот, информираат од „А1он“.
20.07.2022 - 10:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа