Возач на мопед тешко повреден по судир со автомобил

 

Во 00.20 часот било пријавено дека во Скопје на ул.“Кемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Л.(21) од с.Љуботен-скопско и моторцикл “вангје“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Л.(25) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

09.08.2022 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега