Неколку тешки инциденти поврзани со сообраќајот се случија вчера и утрово во Скопје. Најшокантен е случајот во с. Бањани, каде 79-годишниот М.В. заврши со тешки телесни повреди откако бил нападнат од возач на автобус бр. 61. Инцидентот се случил откако патникот се симнал од автобусот, по што настанала расправија и физичка пресметка со возачот Г.Г..
Тешки повреди заработи и 46-годишна скопјанка (Н.С.) која паднала при нагло кочење во градски автобус на ул. „Мито Хаџивасилев Јасмин“.
Во Визбегово, пак, 20-годишен возач со „опел“ удрил во 54-годишен пешак од Велес. Пешакот е пренесен во Клинички центар со тешки повреди.

