МВР информира дека на 28.04.2026 година во 09:15 часот на улицата „Охридска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Р. (22) од Тетово.

Претходно, тој со патничко возило „бмв“, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „тојота“ со тетовски регистарски таблички, управувано од М.Е. (44) од Тетово, како и со паркирано возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички.

По преземени мерки и проверки било констатирано дека возилото „бмв“ го управувал без да поседува возачка дозвола. Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version