Воз излета од шините во Шкотска- густ чад, хеликоптери и амбулантни возила на место на несреќата (ВИДЕО)

Во Абердиншир во Шкотска дошло до несреќа кога воз излетал од шини, а шкотската премиерка Никола Старџон тоа го нарекла "многу сериозен инцидент".

Несреќата се случила во средата наутро во околу 9:30 часот по локално време, а засега не се знае дали некој загинал, но според првите извештаи има тешко повредени. 

На самото место има 30 возила на Итна помош, пренесува "BBC".

На видео снимките кај местото на несреќата се гледаат полициски возила, но и густ чад кој излегува од возот, пренесува "CNN".

Британскиот министер за сообраќај, Грант Шапс, рекол дека е свикан итен состанок со претставниците на Железницата околу инцидентот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2020 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега