Воведен полициски час во Црна Гора- вкупно 100 активни случаи на коронавирусот

Поради епидемиолошката состојба, од денеска е воведен полициски час во црногорската општина Рожае.

Националното координативно тело донесе одлука да им забрани на сите жители на таа општина да ги напуштат домовите од 18:00 до 05:00 часот, јавува ЦДМ.

Работењето со угостителските објекти во Рожаје е дозволено до 17 часот.

Од вчерашниот последен пресек, лабораториите на Институтот за јавно здравје на Црна Гора ја завршија анализата на уште 94 примероци, од кои десет беа позитивни за новиот вирус на корона.

Сите контакти се претходно потврдени случаи, пренесува Подгорица уз.

Во моментов во Црна Гора има 100 активни слуачи на коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега