Вонредно обраќање на Вучиќ: Полициски час од петок до понеделник, забрана на јавни собири

Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево се обрати до јавноста по повод формирањето на новата Влада на Република Србија, продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина и плановите за сузбивање на епидемијата на ковид-19.

Ситуацијата во овој момент во Србија е многу загрижувачка поради епидемијата, при што најзагрозен е Белград, а 120 луѓе се на респиратори.

-Од утре се забранети јавни собири на повеќе од 5 луѓе во затворен и отворен простор. Од петок се воведува полициски час до понеделник, рече Вучиќ и додаде: Секако ќе оставиме простор за сопствениците на домашни миленичиња да можат да излегуваат.

– Жал ми е што на време не ја ангажирав војска, можеби до ваква ситуација во Србија немаше да дојде, заклучи претседателот на Србија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега