Вонредно обраќање на Меркел: Ситуацијата никогаш не била по сериозна

Греманската канцеларка Ангела Меркел апелираше до граѓаните на Германија да не се однесуваат непромислено кога во прашање е коронавирусот.

„Опасноста што ја предизвикува коронавирусот е сè уште голема. Не ја земајте здраво за готово, ситуацијата е сериозна“, рече Меркел во својата видео-порака во саботата. Таа реагираше на ненадејното зголемување на бројот на заразени во некои делови на Германија, предупредувајќи ги граѓаните да не се „опуштаат“ кога станува збор за борба против зараза.

„Лесно забораваме на опасноста затоа што Германија досега повеќе или помалку мина низ кризата со корона. Но, тоа не значи дека сме заштитени, дека опасноста исчезна“, рече канцеларката. Таа ги повика граѓаните да продолжат да се придржуваат кон мерки како што се дистанца, употреба на маска и миење на рацете.

Канцеларката исто така повика на најшироко можно користење на апликацијата за следење на инфекцијата, која германската влада ја пушти во употреба пред неколку дена. Меркел уште еднаш истакна дека надминување на последиците од кризата со корона ќе биде приоритет на германското претседателство на Советот на ЕУ, кое започнува на 1 јули. „Германските домашни задачи ќе бидат да бараат компромиси и решенија меѓу земјите членки“, заклучи Меркел.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.06.2020 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега