Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста унгарскиот политичар Виктор Орбан да биде заеднички кандидат на САД, Русија и Кина за нов генерален секретар на Обединетите нации.

Според информациите објавени во американскиот весник „Волстрит џурнал“, претставници на Белата куќа веќе контактирале со Орбан за да ја испитаат неговата заинтересираност за преземање на функцијата од актуелниот генерален секретар Антонио Гутереш, чиј мандат истекува на 31 декември годинава.

Американски дипломати во разговорите со колегите од Москва и Пекинг ја изнеле идеата за поддршка на политичар со профилот на Орбан, при што извори од трите земји наведуваат дека Русија и Кина позитивно реагирале на ваквиот предлог.

Претставници на американскиот Стејт департмент го оценуваат Орбан како политичар близок до конзервативното движење МАГА, особено поради неговите цврсти ставови за имиграцијата и критичкиот однос кон меѓународните бирократски институции.

Според проценките на американската администрација, Орбан би можел да обезбеди поддршка од осум до десет земји членки во Советот за безбедност на ОН. По поранешниот унгарски премиер засега нема јавно изјаснување околу можната кандидатура.

Exit mobile version