Утре (вторник) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателката на Собранието на Република Косово, Н.Е. г-ѓа. Албулена Хаџиу, соопштија од МВР.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
Од МВР апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.


