Володин: Зеленски мора да одговара за злосторствата

 

Режимот во Киев заслужува најстрога казна за своите злосторства, а на Володимир Зеленски треба да му се суди, изјави претседателот на Државната дума на Русија Вјачеслав Володин.

Володин го коментираше видеото од пукањето на руските војници на „Телеграм“ со порака: „Вака се однесуваат фашистите. Режимот во Киев заслужува најстрога казна за своите злосторства. Шефовите на европските држави до ден денес не ги осудија овие злосторства“.

Според него, истиот молк во триесеттите години на минатиот век доведе до создавање на фашистичката држава и Втората светска војна.

„Земјите кои соработуваат со режимот во Киев треба да разберат дека ја поддржуваат нацистичката држава, садисти чии раце се облеани во крв. На Зеленски треба да му се суди. Тој треба да се појави пред Трибуналот“, рече Володин.

Министерството за одбрана на Русија претходно објави дека украинската армија намерно убила 10 заробени руски војници.

На интернет во петокот се појави видео од украинските војници кои пукаат во руски војници кои се предале и лежат на земја. Според информациите на претседателот на Судот за човекови права Валериј Фадеев, злосторството се случило во Макејевка.

Тој додаде дека Судот за човекови права видеото ќе го испрати до администрацијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации, ОБСЕ, Советот на Европа, организацијата „Амнести интернешенел“, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и други организации. Истражниот комитет на Русија започна истрага за ова злосторство.

21.11.2022 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега