Close Menu
    Најново

    Волц: САД не ја окупираат Венецуела, апсењето на Мадуро е „акција на органите на редот“

    05.01.2026 во 21:20

    Трамп ги предупреди Гренланд, Колумбија, Мексико, Куба и Иран

    05.01.2026 во 20:50

    Шест работи кои не треба да ги правите за Бадник

    05.01.2026 во 20:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Волц: САД не ја окупираат Венецуела, апсењето на Мадуро е „акција на органите на редот“
    • Трамп ги предупреди Гренланд, Колумбија, Мексико, Куба и Иран
    • Шест работи кои не треба да ги правите за Бадник
    • Небензја во ОН: САД се обидуваат да се наметнат како „највисок судија“ во светот
    • Потона туристичко бротче во Црвеното Море – спасени сите 28 лица
    • Мадуро пред судот: Не сум виновен – киднапиран сум – јас сум чесен
    • Бојковска: Три реформски закони за образованието на средина на јануари на ЕНЕР, го менуваме системот
    • Поради Олимпијадата и изборите во 2028, Тајната служба на САД се проширува за 20 отсто
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Волц: САД не ја окупираат Венецуела, апсењето на Мадуро е „акција на органите на редот“

    Волц: САД не ја окупираат Венецуела, апсењето на Мадуро е „акција на органите на редот“

    05.01.2026 во 21:20
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Постојаниот претставник на Соединетите Американски Држави во Обединетите нации, Мајк Волц, денеска изјави дека Вашингтон не води војна против Венецуела и не ја окупира земјата.

    „Како што изјави државниот секретар Марко Рубио, не се води војна против Венецуела и нејзиниот народ. Ние не ја окупираме земјата“, рече Волц на седница на Советот за безбедност на ОН, посветена на состојбата во Венецуела.

    Американскиот дипломат оцени дека операцијата за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро била „акција на органите на редот“. Тој додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп му дал на Мадуро повеќе можности за излез, во обид за деескалација.

    „САД нема да се двоумат да преземат дејствија за заштита на Американците од наркотероризмот и сакаат мир, слобода и правда за народот на Венецуела“, истакна Волц.

    Тој посочи дека Вашингтон нема да дозволи неговите противници, конкуренти и ривали да ја користат Западната Хемисфера за свои цели: „Станува збор за Западната Хемисфера. Ние живееме тука и нема да дозволиме тоа да биде база за операции на противници и ривали на Соединетите Американски Држави“, додаде Волц.

    Во меѓувреме, заменик-постојаниот претставник на Кина во ОН, Сун Леј, изјави дека Пекинг решително ги осудува „незаконските и хулигански дејствија“ на САД во однос на Венецуела.

    „Кина е длабоко шокирана и решително ги осудува едностраните, незаконски и хулигански дејствија на САД“, рече Сун Леј на седницата на Советот за безбедност.

    Популарно

    Алиу предупредува: Пикот на грипот доаѓа за две недели, еве како да се заштитите

    05.01.2026 во 15:57

    (ВИДЕО) Македонски автобус излета од автопат во Србија

    05.01.2026 во 09:57

    Крај за хартиените документи и даночните затајувања: Стартува системот „Е-фактура“

    05.01.2026 во 14:55

    Испланирајте пред време: Оваа година има дури седум продолжени викенди

    05.01.2026 во 09:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.