Војната на Блискиот Исток ескалира со невидена жестина откако дронови ја нападнаа американската амбасада во Ријад. Саудиското Министерство за одбрана потврди дека два дрона удриле во дипломатскиот кварт, предизвикувајќи пожар и материјална штета, додека воздушната одбрана пресретнала уште четири летала.
Американскиот претседател Доналд Трамп веднаш најави брза одмазда. На својата платформа Truth Social, тој упати остра порака до противниците, нагласувајќи ја воената моќ на САД.
„Имаме практично неограничени залихи оружје. Соединетите Држави се снабдени и подготвени да победат – големо“, напиша Трамп, појаснувајќи дека станува збор за арсенал од „средна и повисока средна класа“.
Амбасадата во Ријад останува затворена, а на американските државјани во Саудиска Арабија им е препорачано да не ги напуштаат своите домови. Очевидци за АФП изјавија дека над градот се слушнале силни експлозии и се гледал густ чад.
Конфликтот, кој влезе во четвртиот ден по елиминацијата на иранскиот лидер Али Хаменеи, се прошири и во ОАЕ и Катар, кои исто така пријавија напади со балистички ракети од страна на Иран.


